Достапни линкови

Муратовски да отстапи, бараат од претседателството на ССМ


Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија го повика лидерот Ванчо Муратовски во демократска атмосфера и цивилизирано да отстапи од функцијата. „Најпосле се исполни желбата на македонските работници, на над 80 отсто од членството на Синдикатот. Спроведени се одлуките на Советот и потврден е легитимитетот на постапката за отповикување на досегашниот и именување на новиот вршител на должност претседател на ССМ“ рече денеска на прес конференција в.д. претседателот на Сојузот Живко Митревски. Тој најави сериозни, темелни промени во ССМ и напомена дека смената на Муратовски воопшто не е нечија болна амбиција, туку желба да се стори нешто конкретно преку заедничко, а не индивидуално дејствување.
XS
SM
MD
LG