Достапни линкови

logo-print

Подготовки во Краков за погребот на Качински


На аеродромот во Карков, Полска почнаа подготовките за прием на четириесетина странски делегации, предводени од лидери на држави кои го најавија присуството на погребот на покојниот претседател Лех Качински. Тој, првата дама на Полска и уште деведесетмина членови на владина делегација загинаа во авионска несреќа во Смоленск, Русија. Портпаролката на аеродромот во Краков изјави дека странските претставници ќе пристигаат од четри наутро до еден попладне. Лидерите на Чешка, Словачка и Естонија веќе најавија дека до Полска ќе патуваат со автомобили, бидејки облакот пепел од вулканската ерупција во Исланд ги блокираше летовите низ поголемиот дел од Европа.
XS
SM
MD
LG