Достапни линкови

Изборите во Судан не ги исполнуваат демократските стандарди


Странските набљудувачи соопштија дека првите повеќепартиски избори во Судан по речиси две децении не се одржале согласно демократските стандарди. Мониторинг тимот на Европската унија соопшти дека клучни елементи на изборниот процес биле потценети. Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој е предводник на група набљудувачи, има сличен заклучок за изборниот процес. Прелиминарните резултати од претседателската трка покажуваат дека актуелниот лидер на земјата Омар ал Башир води со освоени 88 проценти од гласовите. До сега се преброени повеќе од 90 проценти од гласачките ливчиња. Петдневното гласање заврши во четвртокот.
XS
SM
MD
LG