Достапни линкови

Комеморативна церемонија во Полска


Десетици илјади жители на Полска се собраа во Варшава денеска на комеморативна церемонија во чест на загинатиот претседател Лех Качински. Лидерот, неговата сопруга Марија и уште деведесетина членови на владина делегација загинаа во авионска несреќа во градот Смоленск во Русија. Собирот се случи на плоштадот Пилсудски, откако во осум часот и педесет и шест минути црковните звона го одбележаа точното време на несреќата. Погребот на Качински е закажан за утре во градот Краков. Лидерите на Чешка, Словачка и Естонија утре до погребот ќе патуваат со автомобили, поради облакот од вулкански пепел кој го блокираше авионскиот сообраќај во голем дел од Европа.
XS
SM
MD
LG