Достапни линкови

Дваесетмина загинати во Пакистан


Бројот на загинати во денешните две експлозии во камп за раселени лица во северозападниот дел на Пакистан се искачи на 20 лица, а триесетмина се повредени. Началникот на полицијата во градот Кохат, Калид Омарзаи, во изјава за Радио Слободна Европа рече дека секташки групи најверојатно се одговорни за нападот. Тој додаде дека и претходно имало закани за бомбашки напади. Во истата област пред шест месеци имаше напад на бомбаш самоубиец.
XS
SM
MD
LG