Достапни линкови

Зголемена активноста на вулканот на Исланд


Активноста на вулканот на Исланд се зголемила, а облакот од пепел се кренал на височина од осум ипол километри. Ова денеска го изјави исландскиот геолог Магнус Туми Гудмунсон, додавајќи дека поради нешто подобрата видливост денеска ќе биде возможно прво надлетување на вулканот, како и попрецизна проценка на неговата активност. Вчера, според Гудмунсон, имало знаци на смирување на ерупцијата на вулканот кој се активира кон крајот на минатиот месец.
XS
SM
MD
LG