Достапни линкови

logo-print

Киргистан: кривични истраги против поранешниот режим


Преодната влада на Киргистан покрена кривични пријави за дела извршени во време на владеењето на сменетиот претседател Курманбек Бакиев. Станува збор за околу двеста случаи за непотизам, корупција и убиства на новинари и политичари за кои постои сомневање дека биле инволвирани луѓето од поранечната власт. Се додава дека биле издадени налози за апсење на десетина блиски соработници и роднини на Бакиев кој пребега во соседниот Казахстан. Тој ги отфрли сите обвиненија.
XS
SM
MD
LG