Достапни линкови

Северна Кореја негира дека потопила јужнокорејски брод


Северна Кореја денеска негираше дека кон крајот на минатиот месец го потопила бродот на Јужна Кореја во близина на нивната спорна морска граница. Пјонгјанг ја обвини владата во Сеул за користење на медиумите за да се создаде шпекулација дека бродот можеби бил погоден од севернокорејско торпедо при што загинаа 46 морнари. Јужнокорејската влада деновиве соопшти дека се уште е испитуваат причините за тонењето на бродот.
XS
SM
MD
LG