Достапни линкови

logo-print

Полска во чест на жртвите од авионската несреќа


Со звукот на сирените и на црковните ѕвона точно во 8 часот и 56 минути низ цела Полска се одбележа моментот кога пред една недела во западниот дел на Русија се урна полскиот авион во кој меѓу загинатите 96 луѓе, беше и претседателот Лех Качински. Автомобилите и пешаците застанаа на улиците во знак на сеќавање на жртвите. Стотици илјади Полјаци се очекува да присуствуваат на националната комеморација на плоштадот во Варшава. Во меѓувреме, семејството на полскиот претседател побара погребот на претседтелската двојка да се одржи утре во Краков, како што е и планирано, односно да не се одлага поради страхувањата дека пепелта од вулканот на Исланд би можело да спречи некои светски државници да присуствуваат на церемонијата. Лидерите на Чешка, Словачка и Естонија најавија дека на погребот ќе патуваат со автомобили.
XS
SM
MD
LG