Достапни линкови

logo-print

Хамнеи: верата забранува користење нуклеарно оружје


Иранскиот Врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека употребата на нуклеарно оружје е забрането со религијата. Тој во писмената порака за отворањето на дводневната конференција за нуклеарно разоружување што се одржува во Техеран оцени дека Соединетите држави се, како што наведува, единствени атомски злосторници во светот, бидејќи употребија нуклеарно оружје во Втората светска војна. На конференцијата учествуваат претставници од 12 земји, меѓу нив и Русија.
XS
SM
MD
LG