Достапни линкови

Облакот со пепел и натаму се шири во Европа


Воздушниот простор во Европа, од Британија до балтичките земји и на југ, до Романија е целосно или делумно затворен, а илјадници летови се откажани поради ширењето на облакот со пепел од исландскиот вулкан. Официјални лица предупредија дека ширењето на огромниот облак се очекува да продолжи и денеска. Тоа, како што се додава, би можело со денови да го попречува редовниот воздушен сообраќај во светот. Вчера, според официјалните податоци, околу 16 илјади или скоро две третини од европските летови беа откажани. Аеродромите во поголемиот дел Европа и денеска остануваат затворени.
XS
SM
MD
LG