Достапни линкови

Во Македонија Ден на жалост за жртвите во полската авионска несреќа


Одлуката за прогласување на денешниот ден за Ден на жалост во Македонија ја донесе владата на вчерашната седница. Во одлуката се наведува дека таа е донесена по повод трагичната смрт на претседателот на Полска, Лех Качински, неговата сопруга Марија и високи полски државници, кои го загубија животот во авионската несреќа во Смоленск, Русија и претставува израз на сочувство спрема семејствата на трагично загинатите лица и спрема пријателскиот полски народ. Денеска знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.
XS
SM
MD
LG