Достапни линкови

Волци заклале 50 овци во Светниколско


Во светиниколското село Немањици глутница волци во раните утрински часови нападнале стадо овци при што заклале педестина од нив, јавува МИА. Штетата се проценува на околу 4 илјади евра. Во Немањици ова не бил прв напад на волците. Пред некој ден било нападнато уште едно стадо на овци, но штетата била минимална.
XS
SM
MD
LG