Достапни линкови

Македонија и Косово, соработка во воздухопловството


Директорите на агенциите за цивилно воздухопловство на Македонија и на Косово Зоран Крстевски и Дритон Ѓумбаи денеска во Охрид потпишаа Меморандум за разбирање кој има за цел јакнење на регионалната соработка во сферата на воздухопловството.
Со овој меморандум, како што соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија, двете страни ја истакнаа волјата за имплементација на Договорот за формирање европска заедничка воздухопловна област.
XS
SM
MD
LG