Достапни линкови

logo-print

Вулканскиот облак од пепел кон јужна Европа и Русија


Облакот со вулкански папел се шири кон југот на Европа и кон Русија со брзина од 40 километри на час, соопштија европските метеоролози. Според нив, се додека трае ерупцијата на вулканот на Исланд не може да се предвиди колку далеку ќе се ширел облакот и кога ќе се распрснел во атмосферата. Германските метеоролози наведуваат дека многу ќе зависи и од брзината на ветровите. Авиосообраќајот денеска делумно или целосно е прекинат во 12 европски земји, при што се откажани околу 17 илјади летови.
XS
SM
MD
LG