Достапни линкови

Груевски ги осуди насилствата во Шуто Оризари


Премиерот Никола Груевски ги осуди вчерашните насилства во општина Шуто Оризари.,,Насилството не може никој да го оправда. Независно кои биле мотивите, причините или кој бил во право или не. Насилство е насилство, и во една таква ситуација јас стојам на страната на спроведувањето на правото и правната држава, изјави Груевски денеска во Кавадарци по пуштањето во употреба на првата зграда за социјални случаи.

XS
SM
MD
LG