Достапни линкови

Киро Глигоров одликуван од Руската Федерација


Првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров денеска беше одликуван со медал „65 години од Победата во Големата Татковинска војна 1941-1945“, што го доделува претседателот на Руската Федерација Дмитриј Медведев. Признанието, што му го врачи рускиот амбасадор во Македонија Владимир Солоцински, на Глигоров му е доделено за придонесот и учеството во победата над фашизмот во Втората светска војна. Глигоров, на свеченоста во руската резиденција во Скопје, се заблагодари за медалот и потенцира дека му го посветува на македонскиот народ.
XS
SM
MD
LG