Достапни линкови

logo-print

МВР тврди дека нема злоупотреби со прислушкувањето


Портпаролот на МВР Иво Котевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со написите дека се прислушкуваат обвинители од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање, рече дека досега нема пријавено таков случај. МВР посебните истражни мерки ги применува исклучиво во согласно законот кој предвидува истите да бидат применувани во конкретни случаи и со соодветни наредби. Досега нема никаква забелешка во однос на примената на посебните истражни мерки и нема пријавено никаква злоупотреба од страна на МВР, истакна Котевски на денешната прес-конференција.
XS
SM
MD
LG