Достапни линкови

Околу 17.000 откажани летови во Европа


Голем облак од пепел од вулканот на Исланд денеска се прошири низ половина од Европа поради што се откажани илјадници летови. Европската агенција за контрола на летање соопшти дека само денеска се откажани околу 17 илјади летови поради облакот од пепел, кој им ја намалува видливоста на пилотите и е опасност за авионските мотори. Меѓу другите, беа откажани и летовите од Скопје за Брисел, Прага и Будимпешта. Експертите предвидуваат дека ќе бидат потребни денови за да се расчисти небото.
XS
SM
MD
LG