Достапни линкови

Медведев:новите власти на Киргистан да не ги прават истите грешки


Рускиот претседател Дмитриј Медведев апелираше до новите лидери во Киргистан кои на власт дојдоа по соборувањето на претседателот Курманбек Бакиев, да не ги повторуваат грешките на нивните претходници. Тој изјави дека Русија ќе обезбеди хуманитарна помош за Киргистан од околу 20 милиони долари, како и кредит од скоро 30 милиони долари. Претходно, привремените власти се прогласија за легитимни и изразија надеж дека по оставката и напуштањето на земјата на претседателот Курманбек Бакиев конфликтите завршиле. Бакиев вчера пристигнал во соседниот Казахстан, а киргистанските власти соопштија дека претходно тој ја потпишал својата оставка. Привремените власти во рок од шест месеци треба да подготват нов Устав и да организираат избори.
XS
SM
MD
LG