Достапни линкови

Вулканот на Исланд и натаму ги откажува летовите


Повеќе земји во северна Европа ги затворија нивните аеродроми поради огромниот облак со прав што се шири од вулканот на Исланд. Како што јавуваат агенциите, тоа пред малку го сторија, Австрија, Литванија и Полска. Еуроконтрол соопшти дека денеска се очекува откажување на половина од сите летови меѓу Европа и Северна Америка. Официјална Варшава соопшти дека се размислувало и за одложување на погребот на претседателот Лех Качински, поради можноста голем број од светските лидери да не допатуваат в недела во Краков. Вакво присилно приземјување на летовите не е забележано од терористичките напади во Соединетите држави на 11 септември две илјади и првата година.
XS
SM
MD
LG