Достапни линкови

logo-print

Бразил, Русија, Индија и Кина бараат поправеден светски поредок


Лидерите на Бразил, Русија, Индија и Кина, на нивниот втор состанок во Бразилија се заложија за воспоставување поправеден светски поредок. Бразилскиот претседател Луиш Игнасио Лула да Силва, кинескиот претседател Ху Џинтао, шефот на руската држава Дмитриј Медведев и индискиот премиер Манмонах Синг оценија дека новиот светскиот поредок треба да биде подемократски и мултиполарен.
XS
SM
MD
LG