Достапни линкови

САД: протеран имам за поврзаност со терористички заговор


Федералниот суд во Њујорк нареди 39 годишниот имам со авганистанско потекло Ахмад Афзали да ги напушти Соединетите држави откако призна дека ги лажел истражните органи во врска со заговорот за бомбашки напад во њујоршкото метро. Тој за 90 дена треба да ја напушти земјата или ќе се соочи со депортација во Авганистан. Ахмад кој нема американско државјанство бил имам во една џамија во Њујорк, а е уапсен во септември минатата година.
XS
SM
MD
LG