Достапни линкови

Хаг: датум за пресудата по жалбата на Тарчуловски


Хашкиот трибунал денеска треба да го соопшти датумот на кој ќе ја објави пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за обвиненијата во случајот Љуботен. Одбраната побара Тарчуловски да биде ослободен, бидејќи не бил одговорен за полициската акција во селото Љуботен во 2001 година. Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од март 2005 та година, а во јули 2008 беше осуден на 12 години затвор. За случајот Љуботен поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски доби ослободителна пресуда.
XS
SM
MD
LG