Достапни линкови

Милошоски:за застојот на спорот со Грција не е виновен Нимиц


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека застојот на надминувањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, неможе да се префрли само како вина на медијаторот Метју Нимиц. Неговата изјава доаѓа како рекција на изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Зоран Талер, кој изјави дека улогата на посредникот Нимиц е неефикасна и побара Берлин , Париз и Вашингтон да се вклучат во надминувањето на спорот за името. Талер порача таканаречената „шизофренична“ ситуација во која се наоѓа сега спорот да се надмине со разговор меѓу политичарите, кои треба да бидат попрагматични и проактивни

XS
SM
MD
LG