Достапни линкови

Надежи за мир по заминувањето на Бакиев


Привремените власти во Киргистан се надеваат дека ќе престанат конфликтите по заминувањето на Курманбек Бакиев од земјата. Соборениот претседател вчера го напуштил Киргистан и заминал за соседен Казахстан а претходно потпишал писмо со оставка. Заминувањето на Бакиев беше договорено со посредство на САД и Русија. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, заминуивањето на Бакиев го оценил како "значаен чекор кон мирна,стабилна, и демократска земја“. Со превртот на 7 април опозицијата ја презеде власта од Бакиев, а во немирите загинаа повеќе од 80 луге. Привремената влада, најавува дека во наредните 6 месеци треба да се подготви нов устав и да се организираат избори
XS
SM
MD
LG