Достапни линкови

Во Полска пренесени уште 34 тела на загинатите во авионската несреќа


Телата на уште 34 жртви дел од полската делегација кои животите ги загубија при авионската несреќа во Русија , беа пренесени во Полска. Досега се пренесени телата на 67 жртви, а експертите идентификувале 71 тело, пренесуваат медиумите. Во Полска во неделата прво беше пренесено телото на претседателот Лех Качињски. Погребот на Качински ќе биде во недела во Краков, а во Варшава во сабота ќе биде одржана комеморативна церемонија за сите жртви.Свое присуство на погребот на полскиотпретседател, најавија десетици светски лидери.
XS
SM
MD
LG