Достапни линкови

ОН:Пакистан намерно не ги истражил причините за смртта на Буто


Властите на Пакистан не успеале добро да ја заштитат поранешната премиерка Бенезир Буто, и не си ја извршиле правилно работата при истрагата за нејзиниот атентат се наведува во истражување на Обединетите нации. Во извештајот кој е објавен вчера се наведува дека пакистанските органи намерно не ја истражиле докрај смртта на Буто, а ја попречувале и истрагата на ОН. Буто беше убиена во самоубиствен бомбашки напад во Равалпинди на 27 декември, 2007, кратко време откако се врати во Пакистан по осум години егзил.
XS
SM
MD
LG