Достапни линкови

Обама најави нов план за истражување на вселената


Претседателот на Соединетите држави Барак Обама најави нови планови за вселенски истражувања. Според новиот план во наредните 30 години треба да се испратат астронаути до орбитата на Марс. Обама, го зголеми буџетот на американската вселенска агенција НАСА, за 6 милијарди долари. Обама изјавил дека е време астронаутите да се движат и подалеку од месечината и да го истражуваат подлабоко вселнскиот простор. Според Обама ваквите планови не се луксуз туку имаат суштинско значење за светлата иднина на Америка.
XS
SM
MD
LG