Достапни линкови

logo-print

САД и Русија ќе го решаваат „проблемот“ со посвојувањето


Соединетите држави ќе испратат официјалната делегација во Русија за да се реши проблемот кој настана со одлуката на руската влада, со која е забрането посвојување на руски деца во американски семејства. Одлуката за забрана на посвојување на деца од Русија во Америка, уследи откако една Американка го вратила момчето од Русија што претходно го посвоила, велејќи му дека не го сака, таа детето го пратила само во авион да се врати назад во родната земја. Американска делегација следната недела ќе патува за Москва и заедно со руските власти ќе се обидат да изнајдат заеднички решенија.
XS
SM
MD
LG