Достапни линкови

logo-print

За статутарната комисија на ССМ Муратовски се уште е претседател


До Статутарната комисија при Сојузот на синдикати на Македонија нема поднесено никакво официјално барање за поведување постапка за именување на в.д. претседател и за неа официјален претседател на ССМ е оној што е реизбран на 17-конгрес, изјави денеска претседателот на Комисијата, Валентин Зафиров. Тој на прес-конференција во ССМ соопшти дека по информациите во медиумите за смена на претседателот, комисијата одржала седница и побарала од стручните служби на Сојузот да ја достават целосната документација во врска со постапката за смена на претседателот. Комисијата добила известување дека нема официјално барање за поведување постапка за именување на в.д. претседател.
XS
SM
MD
LG