Достапни линкови

Грција можеби повторно ќе се соочи со зголемени трошоци за задолжување


Разликата во висината на каматите меѓу грчките државни обврзници со рок на доспевање од десет години и германски обврзници со истиот рок се зголеми денеска на 4,2 процентни поени од вчерашните 3,9 отсто. Германските обврзници се користат како основа за утврдување на стабилноста на обврзниците на други земји членки во Европската унија. Зголемената разлика меѓу двете обврзници укажува на тоа дека Грција можеби повторно ќе се соочи со зголемени трошоци за задолжување и покрај иницијативите за помош од други европски држави. Разликата во висината на каматите меѓу грчките и германските обврзници пред една недела достигна 4,8 процентни поени, што е највисоко ниво од влезот на Грција во еврозоната.
XS
SM
MD
LG