Достапни линкови

ОБСЕ потврди дека претседателот на Киргистан ја напуштил земјата


Меѓународната ОБСЕ потврди дека претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев ја напуштил земјата. Во соопштението на организацијата се наведува дека заминувањето на Бакиев е резултат на „заеднички напори на американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Димитриј Медведев и претседателот на Казакстан Нурсултан Назарбаев“. Претходно, Бакиев им се обрати на приврзаниците во градот Ош. За време на обраќањето дојде до престрелка. Обезбедувањето на соборениот претседател пукало во воздух со цел да го заштити лидерот.
XS
SM
MD
LG