Достапни линкови

Бакиев го напуштил Киргистан


Претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев ја напуштил земјата. Според се уште непотврдени информации, Бакиев заминал во соседен Казакстан. Претходно, тој им се обрати на приврзаниците во градот Ош. За време на обраќањето дојде до престрелка. Не е јасно кој пукал и нема извештаи за повредени. Обезбедувањето на соборениот претседател пукало во воздух, со цел да го заштити лидерот.
XS
SM
MD
LG