Достапни линкови

Бугарија ќе го продава авионот „Тупољев“


Бугарија до крајот на годината ќе го продаде авионот од типот „Тупољев Ту-154 М“, што го користи шефот на државата Георги Парванов, соопшти денеска бугарскиот министер за транспорт Александар Цветков. Авионот, стар 22 години, е проценет на 2,5 милиони долари и се наоѓа во „многу добра техничка состојба“, рече Цветков. Софија се решила на овој потег, бидејќи леталото Ту-154 е забранетo за цивилен сообраќај во рамките на Европската унија, а од употреба веќе го има исфрлено и руската авиокомпанија „Аерофлот“.Истиот модел авион од руско производство во саботата се урна во Смоленск. Во авионската несреќа загина полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга и деведесетина членови на владина делегација.
XS
SM
MD
LG