Достапни линкови

logo-print

САД: Решение за името што е можно поскоро


Поддршка на интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија останува витален елемент во американските напори за промовирање на мирот и стабилноста во балканскиот регион. Ова го изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон во расправата на поткомитетот за Европски прашања на Сенатот за надворешни работи.

Западен Балкан е важен за безбедноста на Европа и интеграцијата на земјите во евроатлантските институции и клучен елемент на американската политика во однос на Југоисточна Европа. Ова е заклучокот од расправата во Поткомитетот на американскиот Сенат насловена како „Незавршена работа во Југоисточна Европа, можности и предизвици во Западен Балкан“.

На неа учествуваа помошник државниот секретар Филип Гордон, помошник секретарот за одбрана за меѓународни безбедносни прашања Александер Вершбоу и поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Волкер.

Наведувајќи дека Македонија ги исполни речиси сите технички реформни одредници поставени од Европската унија и оти Европската комисија препорача одредување датум за почеток на преговори за пристапување Филип Гордон изјави:

„За да се постигне тоа, тековниот спор околу името со Грција мора да биде решен што е можно поскоро. Соединетите Држави силно ги поддржуваат тековните напори на Обединетите нации, предводени од Метју Нимиц. Ние ќе прифатиме какво било взаемно
Како што спомена пред малку Фил Гордон, македонската покана за НАТО останува незавршена работа. На самитот на Алијансата во Стразбур, Кил во минатата година сојузниците повторија дека Македонија ќе стане членка веднаш кога ќе се постигне заедничко прифатливо решение за името. Ние веруваме дека е време да се стори тоа и ќе ги охрабруваме во процесот под медијаторство на Метју Нимиц.
прифатливо решение, кое произлегува од преговорите, но мора да има решение и тоа наскоро.“

Филип Гордон додаде дека Вашингтон е охрабрен од билатералните контакти на највисоко ниво во последниве месеци, во изградба на доверба за ова прашање. Сепак, како што додаде, спорот продолжува да ја попречува интеграција на Македонија во НАТО и во Унијата и затоа е потенцијална закана за стабилноста на целиот регион.

„Затоа лидерите во Македонија и Грција сега мора да преземат храбра акција за решавање на ова прашање еднаш засекогаш“, изјави Гордон.

На исто мислење е и помошник секретарот за одбрана Александар Вершбоу.

,,Како што спомена пред малку Фил Гордон, македонската покана за НАТО останува незавршена работа. На самитот на Алијансата во Стразбур, Кил во минатата година сојузниците повторија дека Македонија ќе стане членка веднаш кога ќе се постигне заедничко прифатливо решение за името. Ние веруваме дека е време да се стори тоа и ќе ги охрабруваме во процесот под медијаторство на Метју Нимиц.“

Вершбоу наведе дека Македонија успешно ги спроведе клучните реформи во одбраната, како резултат на НАТО аспирациите и оти придонесува во меѓународните безбедносни операции, вклучувајќи го Авганистан, каде што Македонија е меѓу првите пет според бројот на војници по глава на жител.

Учествувајќи во расправата, поранешниот амбасадор Курт Волкер изјави дека во регионот на Западен Балкан во изманитиот период е направен голем напредок, но оти Соединетите Држави можат да сторат повеќе и да им помогнат на земјите да станат дел од Европската унија. Според него, Вашинтон треба да биде многу активен во процесот на изнаоѓање решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција

„Јас сум исто така охрабрен од изјавите на премиерот Папандреу и верувам дека некои мерки за градење на доверба од страна на Македонија ќе помогнат во изнаоѓање на компромис. Тоа не е нула или пак стопроцентно решение, туку признавање дека тоа е инвестиција за регионот и во интерес на на двете земји“, изјави Курт Волкер во расправата на поткомитетот на Сенатот за надворешни работи посветена на Западен Балкан.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG