Достапни линкови

Разлики околу откупните цени


Прилепски земјоделци

Прилепски земјоделци

Пред почетокот на откупната сезона на градинарските култури, за прв пат, со посредство на Министерството за земјоделство, во Прилеп се одржаа преговори на релација земјоделци-преработувачи со цел да се постигне успешна откупна кампања, зашто договорното производство е услов за европските пазари. Градинарите бараат откупни цени кои за некои култури се и трипати повисоки во однос на оние што ги нудат преработувачите.

Меѓутоа остана голем јазот меѓу откупувачите и индивидуалните производители. Градинарите бараат откупни цени кои за некои култури се и трипати повисоки во однос на оние што ги нудат преработувачите. Тие тврдат дека имаат огромни трошоци, дека
За таа 30 до 40 отсто, количество на пиперка, ќе ја знае однапред цената и ќе знае дека сигурно ќе му биде откупена и тој ќе има некаква гаранција во тоа.
вложуваат многу во квалитетно производство кое со сигурност може да се пласира на странските пазари, затоа бараат со откупните цени, да остварат и минимална заработувачка, а не како досега да работат на граница на рентабилност. Договорното производство велат градинарите би било идеално, зашто ќе се скратат маките, нема да им се повторат ланските проблеми, а тие ќе имаат сигурен пласман по реални цени.

„За таа 30 до 40 отсто, количество на пиперка, ќе ја знае однапред цената и ќе знае дека сигурно ќе му биде откупена и тој ќе има некаква гаранција во тоа“, вели Менде Стомнароски од прилепското село Обршани.

Тој просечно засадува пиперки на еден хектар и остварува производство од околу 40-тина тони. Од друга страна, преработувачите велат дека засега понудените цени од градинарите не се економски исплатливи.
Овие цени што ние ги нудиме се реални, ако тие се зголемат, ние на светскиот пазар нема да бидеме конкуретни и ќе бидеме принудени или да го намалиме производството или да го прекинеме.


„Овие цени што ние ги нудиме се реални, ако тие се зголемат, ние на светскиот пазар нема да бидеме конкуретни и ќе бидеме принудени или да го намалиме производството или да го прекинеме“, вели Ѓорѓи Прошев, од гевгелиската фабрика за конзерви „Вори“.

Преработувачите тврдат дека од вкупното производство на градинарски култури тие откупуваат околу 30 до 40 отсто од количествата, а останатото производство, градинарите го продаваат на пазарите, каде остваруваат многу повисока пазарна цена, но сепак немаат гаранција дека се ќе им биде преземено.
Покрај овој 1,5 денар кој што може да се добие само доколку има договор меѓу двете страни, по површина субвенцијата од 9000 денари за градинарски производи е зголемена на 20.000 денари.

Од Министерството за земјоделство се надеваат дека ќе се најде заеднички јазик и дека пред почетокот на годинешната реколта ќе се оставари планско производство на градинарски култури, со што ќе се надминат проблемите.

„Покрај овој 1,5 денар кој што може да се добие само доколку има договор меѓу двете страни, по површина субвенцијата од 9000 денари за градинарски производи е зголемена на 20.000 денари“, потенцира заменик министерот за земјоделство Перица Иваноски.

Тој додава дека со тие пари земјоделците можат да го подобрат квалитетот на своето производство. Само со примена на инвестици може да се оствари зголемување на продуктивноста и конкурентноста во производствот, велат од Министерството.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG