Достапни линкови

Македонско - албански бизнис форум во Скопје


Приоритет на Македонија и на Албанија треба да биде реализирањето на Коридорот 8, преку интензивно лобирање во Брисел и изградба на патиштата кои ја поврзуваат Тирана со Дебар, Елбасан и Ќафасан, изјави денеска албанскиот претседател Бамир Топи на македонско – албанскиот бизнис форум во Скопје. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов нагласи дека енергетиката и инфраструктурата треба да бидат клучните сегменти за соработка меѓу двете земји. На форумот присуствуваат околу 100 бизнисмени од Македонија и од Албанија.
XS
SM
MD
LG