Достапни линкови

Македонската покана за НАТО незавршена работа за Вашингтон


,,Поддршка на интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија останува витален елемент во американските напори за промовирање на мирот и стабилноста во балканскиот регион.,, Ова го изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон во расправата на поткомитетот на Сенатот за надворешни работи насловена како ,,Незавршена работа во Југоисточна Европа, можности и предизвици во Западен Балкан,,. Во расправата во која учествуваа и помошник секретарот за одбрана и меѓународни безбедносни прашања Александер Вершбоу и поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Волкер беше наведено дека е време да се постигне компромисно решение во спорот со името и оти во тоа ќе помогнат некои мерки за градење на доверба од страна на Македонија.
XS
SM
MD
LG