Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на настрадани во земјотресот во Кина


Продолжува да расте бројот на загинати во страшниот земјотрес што вчера ја зафати западна Кина. Државната новинска агенција сега објави бројка од 617 загинати во оддалечениот регион на Тибет. Властите страхуваат дека и оваа бројка ќе расте. Серија земјотреси ги срамнија со земја градбите во селото Јушу. Спасувачките екипи на многу ниски температури ноќите ги минуваат на овој терен.
XS
SM
MD
LG