Достапни линкови

„Газпром“ планира зголемување на дистрибуцијата на природен гас


Првиот човек на руската државна компанија „Газпром“ изјави дека во следните три години гигантот ќе ја зголеми дистрибуцијата на природен гас. Алексеи Милер рече дека глобалната побарувачка за суровината ја мотивирало државната компанија до 2013 година да ја зголеми дистрибуцијата на околу 560 милијарди кубни метри гас. „Газпром“ е најголемиот дистрибутер на природен гас во Русија и монопол во извозот на суровината. Оваа година државната фирма проектира дистрибуција на 520 милијарди кубни метри гас.
XS
SM
MD
LG