Достапни линкови

Реакции на Муратовски за неговата смена


Ванчо Муратовски ја оцени како невалидна и нелегитимна денешната одлука на Советот на ССМ за негова смена од челното место во Синдикатот. Според него, иако на седницата присуствувале 40 членови на Советот, таа е невалидна бидејќи „не била свикана на начин како што треба, ниту пак на вистинско место“. Муратовски оцени дека ова е обид на неколку гранкови синдикати, потпомогнати од власта. Тој најави дека на 22-ри овој месец имаат закажано редовна седница на Советот на ССМ, каде членовите ќе можат да одлучат.
XS
SM
MD
LG