Достапни линкови

За три години во Скопје ќе има двокатни автобуси


Министерот за транспорт Миле Јанакиски денеска потпиша договор за набавка на 202 двокатни автобуси за градски сообраќај со кинеската компанија „Џенгџоу Јутонг Групација“. Новопроизведените автобуси ќе бидат дизајнирани како автобусите што се користеле за градски сообраќај во педесеттите и шеесетите години од минатиот век во Скопје, изјави министерот Јанакиески по потпишувањето на договорот. Испораката ќе се спроведува во три години. До крајот на 2011 година треба да се испорачаат најмалку 68 автобуси или една третина, до крајот на 2012 година 68, а останатите автобуси ќе бидат испорачани до крајот на 2013 година.
XS
SM
MD
LG