Достапни линкови

Вашингтон подготвен да и помогне на привремената влада на Киргистан


Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк по денешните разговори во Бишкек со Роза Отунбаева изјави дека е оптимист во врска со чекорите што ги презема нејзината привремена влада. Самопрогласената влада беше формирана откако претседателот Курманбек Бакиев избега од главниот град, по насилните протести на опозицијата. Отунбаева денеска изјави дека на Бакиев мора да му се суди, но во исто време не ја отфрли можноста и за преговори со него. Бакиев вчера изјави дека би можел да се повлече ако привремената влада ја гарантира неговата безбедност.
XS
SM
MD
LG