Достапни линкови

Во земјотресот во Кина загинале најмалку 400 луѓе


Во силниот земјотрес што ја погоди северозападната провинција Чингаи загинале околу 400 луѓе, а над 8 илјади биле повредени. Земјотресот се случил во малку населена планинска област во близина на Тибет и според американскиот Геолошки институт бил со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала. Новинската агенција Хсинхуа јави дека во близина на епицентарот каде што живееат над 80 илјади луѓе скоро 85 насто од куќите биле урнати. Спасувачките екипи, според извештаите, досега успеале од урнатините живи да извлечат триесетина луѓе.
XS
SM
MD
LG