Достапни линкови

Стечајците повторно на протести


Стечајците од Куманово

Стечајците од Куманово

Стечајците и работниците прогласен за технолошки вишок денеска ќе протестираат пред Владата се додека премерот не ги прими или не излезе јавно да им каже дека тие се отпишани граѓани и дека нема да има помош за нив, вели Лилјана Ѓорѓиевска претседателка на здружението на стечајци „Унит“.

Тие наместо во вторник, ги преместија протестите пред Влада за денеска бидејќи не можеле да соберат пари за автобуси со кои стечајците од цела Македонија доаѓаат во главниот град.
Од членство се црпи последниот денар, последните пари, за со помош на синдикат да излеземе на протест. Последна сила, последна моќ, ќе просиме, ама автобуси ќе мора да има за стечајците и мора да правиме напори за да дојдеме.


„Од членство се црпи последниот денар, последните пари, за со помош на синдикат да излеземе на протест. Последна сила, последна моќ, ќе просиме, ама автобуси ќе мора да има за стечајците и мора да правиме напори за да дојдеме,“ вели Ѓорѓиевска.

Стечајците и работници прогласени за технолошки вишок со минимум 15 години работен стаж на неколку пати досега протестираа пред Владата или во градовите од кај што се, и бараат да добиваат по 100 евра од државата. Досега имаа само една средба во Владата на која на луѓето што протестираа им беше речено дека нема пари за нив, бидејќи тие се од приватни фирми. Во Сојузот на Синдикати на Македонија велат дека не треба да се прават разлики дали работниците се од државни или од приватни фирми

„Кога оди фирмата во стечај, значи работниците ги имаат истите права и обврски, да примаат надоместок од државата, и тоа за цел временски период, се додека не биде вработен“, вели Драги Јовановски од ССМ.
Кога оди фирмата во стечај, значи работниците ги имаат истите права и обврски, да примаат надоместок од државата, и тоа за цел временски период, се додека не биде вработен.


Претседателката на „Унит“ вели дека ниту на локално ниво немаат подршка од власта.

„Знаете дека повеќето градоначалници се на централна власт, така што е многу тешко, еве и за автобуси не сакаат да ни помогнат. Или пак ако некаде побараме работа, за штрајкувачите нема работно место, значи брутално сме одбивани до сега. Во Куманово до сега можам да кажам дека имавме поддршка, како почнаа да викаат дека сме СДСМ-овци, и тие се тргаат, така што сме оставени сами на себе.“

Стечајците и работниците прогласени за технолошки вишок една година чекаат одговор од Груевски на нивното барање за склучување на спогодба за социјален договор.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG