Достапни линкови

Грција да ја ратификува Конвенција за заштита на малцинствата


Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг испратил писма до неколку грчки министри во кои препорачува Грција целосно да ги спроведува пресудите на Судот за човекови права. Тој става акцент врз потребата грчките власти да преземат нови мерки за да им се дозволи на малцинските групи да го изразат идентитетот за кој се определуват. ,,Грција признава само едно малцинство, тоа е муслиманското малцинство во Западна Тракија. Други малцинства официјално не се признати. Затоа препорачувам ратификација на важните документи на Советот на Европа, како Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, што таа ја потпиша во 1999 година, вели во изјавата за Дојче веле комесарот Томас Хамарберг.
XS
SM
MD
LG