Достапни линкови

logo-print

Помошник државниот секретар Блејк во Киргистан


Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк пристигна во Бишкек на разговори со лидерот на привремената владата на Киргистан Роза Отунбаева. Тоа е прва посета на висок американски претстваник на таа земја откако во минатата недела претседателот Курманбек Алиев избега од Бишкек по насилните протести на опозицијата. Соединетите држави имаат изнајмено воздухопловна база во Киргистан за поддршка на воените операции во Авганистан. Дмитри Медведев, претседателот на Русија која исто така има своја база во таа земја предупреди дека Киргистан се наоѓа на работ на граѓанска војна и оти би можело да стане втор Авганистан. Делегација на привремената влада денеска е во Москва на разговори за финансиска помош на Киргистан. Бакиев вчера изјави дека би можел да поднесе оставка ако привремената влада ја гарантира неговата безбедност.
XS
SM
MD
LG