Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Албанија во посета на Македонија


Претседателот на Република Албанија Бамир Топи по покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија. Покрај средбата со неговиот домаќин Иванов, Топи ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со премиерот Никола Груевски, а во рамките на 102-та седница ќе им се обрати и на пратениците во македонското Собрание. Шефовите на двете држави Иванов и Топи ќе присуствуваат и на македонско-албанскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје. Албанскиот претседател ќе има и средби со лидерите на ДУИ, ДПА и на НД, Али Ахмети, Мендух Тачи и Имер Селмани, како и со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG