Достапни линкови

Воена делегација од БиХ во Македонија


Делегација на оружените сили на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Здружениот штаб генерал-полковник Миладин Милојчиќ од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Најавени се средби со началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски и со министерот за одбрана Зоран Коњановски. Ќе се разговара за проширување на соработката меѓу двете армии, при што гостите ќе бидат запознаени со капацитетите и можностите за школување на Воената академија. Во рамките на посетата, делегацијата од Босна и Херцеговина ќе ги посети Воено-медицинскиот центар, Воената академија и армискиот полигон „Криволак“.
XS
SM
MD
LG